Се манипулира ли со граѓаните за опасноста од контролирана депонија во Неготино?

од Aleksandar Todeski

Здрава животна средина – Парола која речиси секојдневно се слуша на сите телевизии, се чита на сите онлајн медиуми и се зборува од речиси сите граѓани. И додека вниманието на јавноста се сврте кон оваа тема со цел да се зголеми свеста на граѓаните, почнаа да се активираат и манипулативните вести со непроверени информации.

Во екот на кампањите на невладините организации за екологијата, простор во медиумите доби и полемиката на неготинчани, дали во нивниот град треба да има депонија за, дебата која се најде и на седница на општината.

За депонијата, Министерството за животна средина и просторно планирање има побарано студија која е изготвена од Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс-Ема“. Претставниците од Друштвото на седницата која се одржа на крајот на ноември минатата година ги убедуваа граѓаните дека нема опасност од единицата за рециклирање и контролирана депонија за неопасен индустриски отпад, нешто што го покажала нивната судтија.

Сепак, во медиумите се споделуваа и контра ставовите, изнесени од Љубе Темелков, претставник на невладината организација „Ековита“. Изјавите на Темелков, а кои беа пренесувани и од медиумите освен што беа во насока на собирањето потписи за референдум во Неготино, се однесуваа и на отпадот кој би се носел во депонијата, а за која „Деконс-Ема“ во студија тврди дека се работи за неопасен индустриски отпад.

„Ние сме поборници против оваа депонија од 2009 година. Депонијата ќе има две печки кои ќе работат на 2300 степени целзјусови и ќе согорува отпад од 40 камиони секој ден и 200 тони хемикалии кои што се раствораат“, вели Темелков во изјава за локалната телевизија КТВ.

Се обидовме телефонски да го контактираме Темелков со цел да го прашаме од каде му се овие податоци и како може да ја потврди вистинитоста на своите тврдења кои ги изнесува во јавноста, но тој ги одби нашите повици.

Став во врска со темата побаравме и од експертскиот тим за животна средина „Деконс-Ема“, кој го подготви овој проект. Од таму беа категорични дека ова не е поврзано со проектот што се состои во механичко сортирање на отпадот и дека изјавата на активистот Љубе Темелков е невистинита и неоснована.

Останува прашањето дали изјавата на активистот Темелков е кажана со цел да се „мотивираат“ граѓаните за масовна поддршка на референдум, но и дали оваа изјава е став кој го изнесува невладината организација „Ековита“, односно луѓето кои како поддршка стојат зад него додека ја дава изјавата.

Според експертскиот тим за животна средина „Деконс-Ема“, проектот за Неготино е еколошки издржана и оправдана инвестиција затоа што станува збор за едиција што ќе го прима, домашниот, а не од странство, индустриски неопасен отпад и ќе го рециклира. Она што не ќе може да се рециклира ќе биде одложено на контролирана депонија. Наместо како досегашната практика да се испраќа до комуналниот депонија каде што се меша со отпадот од домаќинствата и се гори, создавајќи облаци на органски токсични соединенија во воздухот како случувањата во Кавадарци.

Инаку на седницата во општина Неготино, каде освен претставници на „Деконс-Ема“ бил присутен и активистот Темелков, тој воопшто не ја побарал, ниту добил информација каква што шири во јавноста, а за што говори и јавно објавениот стенограм од одржаната седница.

Слични содржини