Се намалува бројот на позитивни случаи – најголем притисок во болниците во Тетово и Гостивар

од Берта Китинска

Во ковид центрите се третираат околу илјада пациенти. Се намалува бројот на позитивни случаи во дневно ниво и факторот за трансмисија е намален за една единица.

Најоптоварени и понатаму се болниците во Тетово, Гостивар, делумно во Кичево, Струга и Охрид.

Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека здравствениот систем е подготвен и оти има доволно болнички капацитети.

– Обезбедуваме болнички кревети за сите пациенти. Тоа го правиме по системот на ротација. Имено, и тука во Скопје, се отворија дополнителни ковид-центри. Имаме секојдневна консултација со директорите и согласно расположливиот кадар, лекари и медицински сестри, се отвораат овие дополнителни центри, изјави вчера Филипче.

Слични содржини