Се намалува населението во Грција

од Aleksandar Petrovski

До 2050 година се очекува населението во Грција да опадне до осум милиони жители, а оваа силна демографска тенденција почна од 2011 година кога беше регистрирана ваква негативната стапка, за првпат по 1944 година, пренсе весникот „Катимерини“.

-Врз основа на конзервативно сценарио се очекува до 2050 година населението во земјата да опадне на осум милиони, наведува Стефанос Чандакас, основач и претседател на невладината организација HOPEgenesis, на настан во Институтот за јавно здравје на Американскиот колеџ во Атина.

Чандакас изјави дека во 2017 година во земјата биле регистрирани 8. 553 раѓања и 124.501 смртни случаи.

На форумот било подвлечено дека Грција е на многу ниско ниво во Европа во однос на политиките за поттикнување на мајчинството, семејствата и плодноста, и беше подвлечена неопходноста од создавање пријатна средина за поддршка на двојките со родителски потенцијал.

Слични содржини