Се намалува прагот на алармирање за ПМ10 честички од 188 на 175 мг/м3

од Vladimir Zorba

Согласно новата уредба од 14 декември прагот на алармирање за загадување со ПМ10 честичките се намалува од 188 милиграми на кубен метар на 175 милиграми на кубен метар среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.

– Во согласност со новата Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, од 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период, соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во случај на надминување на овие вредности во два последователни дена се локалните и централните власти се активираат итни мерки за намалување на загадувањето.

Прагот на алармирање досега беше доколку во два последователи дена концентрацијата на загадувачки материи во воздухот е над 200 микрограми на кубен метар.

Слични содржини