Се очекува тет-а-тет средба на Ахмети со лидерите на опозициските партии на Албанците

од Destan Jonuzi

Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами ќе ја свика следната средба на парламентарните партии на Албанците, со цел да ги „испеглаат“ разликите околу барањето од Уставот да се тргне формулацијата „друг јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението“. Од оваа партија за „Локално“ велат дека покана за средбата ќе биде испратена до лидерите на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети, Алијансата за Албанците – Арбен Таравари, Алтернатива – Африм Гаши, Демократската партија на Албанците – Мендух Тачи, но за местото и времето кога ќе се одржи средбата, велат дека навреме ќе ја известат јавноста.

– Ги испитуваме сите политички механизми за да постигнеме консензус за отстранување на терминот „20%“ од Уставот и замена на овој термин со „албански јазик“. Во наредните денови и официјално ќе ја информираме јавноста за конкретните чекори што ги презедовме. Наша цел е реализација на оваа политичка цел, затоа сме внимателни во комуникацијата со јавноста се додека не се постигне конкретен чекор по ова прашање, велат за „Локално“ од Движењето БЕСА.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети иако вели дека „20 отсто“ во Уставот не ја нарушуваа, како што нагласи, албанската супстанција во Северна Македонија, сепак оценува дека е добро партиите на Албанците да одржат средби за да се координираат.


Од Алијанса за Албанците за „Локално“ велат дека е овој период има потреба партиите на Албанците да се сретнат и да разговараат со цел да се подготви заедничка стратегија. Од таму, додават дека лидерот на оваа партија, Арбен Таравари е подготвен да одговори на повикот.

Инаку, во изјава за медиуми, Таравари рече дека ако средбата на политичките партии на Албанците не ја повика лидерот на најголемата партија на Албанците, ДУИ – Али Ахмети, тогаш тој е подготвен да ја свика истата.

Од партијата Алтернатива на Африм Гаши посочуваат дека средбите за кординација се добредојдени со цел дискусија за теми од национален интерес. Според оваа партија, отстранувањето на дефиницијата од 20 отсто од Уставот е веќе застарена тема и тоа доаѓа како резултат на општо општествено напредување, но тоа не треба да се прави под притисок на победници и губитници. Партијата на Гаши очекува од другите партии на Албанците нивниот предлог за борба против криминалот и корупцијата да станат уставна одредба, со кој кривичните дела за злоупотреба на службена должност нема да застаруваат.

Во изминатиот период, парламентарни партии на Албанците неколкупати се среќаваа меѓу себе за одредени прашања. Дел од средбите ги свикаа ДУИ на Али Ахмети, а дел опозициските партии.

За отворање на уставот согласно Договорот со Бугарија за официјално отворање на поглавјата со ЕУ потребни се 80 пратенички гласа, бројка која во моментов го немаат парламентарното мнозинство и партиите на Албанците во опозиција.

Д.Ј.

Слични содржини