Се очекуваат голем број навивачи на утрешниот дуел со Украина, ФФМ испрати посебен апел

од Nikola Popovski

Фудбалската репрезентација на Македонија излезе со важна информаците до сите фанови кои се наоѓаат во Букурешт.

„Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден“, велат од Куќата на фудбалот.

Нашите најдобри фудбалери утре од 15:00 часот ќе ги одмерат силите против Украина во второто коло од Европското првенство. Во првиот натпревар, загубивме од Австрија со 3:1.

Слични содржини