Се одбележува Задушница: Запалете свеќа за мир на душата на вашите најблиски

од Nikola Popovski

Денес Македонската православна црква и верниците ја слават летната или Духовската задушница (Духовден).

Задушница е ден посветен на најблиските кои повеќе не се со нас, и на тој ден, православните излегуваат на гробиштата, палат свеќи, а ако гробовите се далеку, се палат свеќи во црквите во спомен на мртвите. На тој ден, на гробовите се носи вино и храна, се чистат и се средуваат, се носат цвеќиња и се палат свеќи во спомен на починатите.

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата”.

На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен

Слични содржини