Се оди според планот: Во Москва повеќе од 5.500 луѓе се вакцинирани против корона

од Aleksandar Petrovski

Повеќе од 5.500 лица се вакцинирани против коронавирус на клиниките во Москва, како дел од испитувањето на вакцините по регистрацијата, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

„Фазата на тестови по регистрацијата е во тек. Повеќе од 5.500 луѓе се инокулирани на московските клиники. Сè се одвива рутински”, рече Мурашко на состанокот меѓу претседателот Владимир Путин и членовите на владата, пренесува ТАСС.
На 11 август Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против новиот вирус на корона. Вакцината, наречена Спутник V, е изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија од Гамалеј на руското Министерство за здравство, а нејзините клинички испитувања биле успешно завршени во јуни и јули.

Вакцината е изработена на платформа што се користела за низа други вакцини. Според руското Министерство за здравство, овие вакцини ја докажале нивната способност да создадат траен имунитет во период до две години.

Уште две руски вакцини против коронавирус во моментов се во клинички испитувања.

Слични содржини