Се одржа „Мет Гала“: Ријана прошета во вреќа за спиење (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Во Њујорк синоќа официјално се одржа Мет Гала, најпрестижниот моден настан во светот. Меѓу гостите имаше многу познати личности, меѓу кои Ким Кардашијан, Били Ајлиш, Лил Нас Х, но вистинското изненадување беше Ријана, која се појави заедно со своето момче АСАП Роки.

Мет Гала и оваа година се одржа во Музејот на модерна уметност. Гостите беа лично одобрени од Ана Винтур, организатор на настанот и главен уредник на списанието „Вог“.

Ријана на настанот дојде со своето момче, со кое беше „уловена“ од папараците во изминатите месеци.

Беше облечена во нешто што, на едноставен јазик, личеше на вреќа за спиење.

Името на овогодинешната церемонија беше „In America: A Lexicon of Fashion“, а Мет Галата беше многу помала и поинтимна во споредба со претходните години.

Дрес кодот е „Американска независност“.

Домаќини на престижниот настан беа млади sвезди – актерот Тимоти Каламет, пејачката Били Ајлиш, поетесата Аманда Горман и тенисерката Наоми Осака.

Слични содржини