Се огласи Богдана од болница: Додека сите слават во вилата Ражнатовиќ, еве како се чувствува таа

од Stefanija Kuzmanovska

Богдана и Вељко Ражнатовиќ денеска го добија синот Жељко, па семејствата Ражнатовиќ и Родиќ прославуваат на големо.

Прославата во моментов се одржува во вилата Ражнатовиќ, а честитките и гостите постојано пристигнуваат.

Гордата тетка на малиот Жељко, Анастасија Ражнатовиќ, излезе пред новинарските екипи и откри дека се слушнала со нејзината снаа Богдана:

„Се слушнавме, таа вели дека сè е супер, сè е во најдобар ред. Таа веќе го видела бебето, многу е среќна, возбудена е. Јас сум најгорда и ќе бидам највесела вечерва. Цеца е одлично, исто така е една од највеселите“, рече Анастасија во видно весело расположение.

Слични содржини