Се огласи братот на исчезнатиот Македонец на Халкидики: Според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денес, апелираме за помош

од Nikola Popovski

Веќе четврти ден трае потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики, а денеска на социјалните мрежи се огласи неговиот брат.

Горан Јовановски упати голема благодарност до „OFKAT“ екипата спасувачи и до Генералниот Конзулат во Солун кои изминатите три дена се заедно со нивното семејство во потрагата по Мартин Јовановски.

-Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сеуште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме од Македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин, напиша Горан на Фејсбук.

Да потсетиме, тројца македонски државјани и пријатели исчезнаа во саботата за време на посетата на плажата во Посиди, Грција, кога ги одвлекла силна морска струја.

Васил е пронајден по неколку часа, Иван следниот ден, додека по Мартин се уште се трага.

Васил и Иван рекоа дека се молат за нивниот пријател и се надеваат дека е добро. Иван преживеал 20 часа во морето благодарение на полунадувана кожна топка што случајно ја нашол во водата.

 

Слични содржини