Се огласи директорот на „АстраЗенека“ во врска со ТРЕТАТА ДОЗА: „Постојат две димензии на имунитет“

од Stefanija Kuzmanovska

Паскал Сорио, извршен директор на „АстраЗенека“, изјави вчера дека се уште не е јасно дали трета доза од вакцината ќе биде потребна за продолжена имунизација против коронавирусот.

Тој за американската телевизија Си -Ен -Би -Си нагласи дека нема „прецизен одговор“ на прашањето дали ќе биде неопходно да се вакцинираат со повеќе од две дози.

„Постојат две димензии на имунитет – антитела кои ослабуваат со текот на времето, додека Т -клетките се многу важна димензија на вакцинацијата. Тие штитат од неколку заразни болести, но исто така обезбедуваат долгорочна заштита“, објаснува Сорио.

Како што рече, користената технологија овозможува многу високо производство на Т -клетки.

„Се надеваме дека ќе имаме вакцини што создаваат долгорочна заштита, така што се уште не е јасно дали ќе ни треба трета доза. Само времето ќе покаже“, вели Сорио.

Т -клетките се вид на бели крвни клетки кои имаат различни улоги во одбраната на телото од вирусот.

Тие можат да го нападнат патогенот или да поддржат разни бели крвни клетки во производството на антитела.

Антителата го спречуваат вирусот да влезе во клетките, но не толку долго како Т -клетките.

Од друга страна, Албер Бурла, извршен директор на „Фајзер“, исто така, во средата за Си-Ен-Би-Си изјави дека е „многу, многу убеден“ дека ќе биде потребна вакцинација со трета доза за да се има имунитет против повеќе заразниот делта сој на коронавирус.

Слични содржини