Се огласи мајката на Ким Кардашијан по повод разводот на нејзината ќерка

од Stefanija Kuzmanovska

Еден месец откако Ким Кардашијан поднесе барање за развод од раперот Канје Вест, се огласи и нејзината мајка Крис Џенер.

„Мислам дека секогаш ќе биде тешко, особено затоа што имаат многу деца“, рече 65-годишната Крис, која зад себе има и два брака, со починатиот Роберт Кардашијан и Кејтлин Џенер, порано познат како Брус Џенер .

„Добрата работа кај нашето семејство е што секогаш сме тука едни за други, најголема поддршка и многу се сакаме, така што единственото нешто што сакам за нив е тие да бидат среќни. И сакам нивните деца да бидат среќни. Тоа е единствената цел“, истакна таа.

Покрај неа, се огласија и нејзиниот поранешен сопруг и очувот на Ким Кардашијан, кој во меѓувреме го смени полот и стана Кејтлин Џенер.

„Ја сакам Кимберли и искрено го сакам и Канје. Отсекогаш сум имал добри односи со него. Им посакувам се најдобро со сето срце. Тоа е сè што можам да кажам, бидејќи тоа е нивна приказна, а не моја“.

Слични содржини