Се огласи момчето на кое Ѓоковиќ му даде рекет: „Не знаев дека може да ме чуе“

од Vladimir Zorba

Големото финале за мажи на „Ролан Гарос“ го обележа и настанот на крајот од мечот. Новак Ѓоковиќ му даде рекет на момче, кое се наоѓаше на трибините. Анализите, проценките и маркетингот започнаа веднаш, а сега се огласи момчето, кое се вика Матео.

После мечот, Ѓоковиќ му даде рекет, а таа слика го обиколи светот, па дури и кога се дозна дека момчето е Мексиканец, предизвика голема конфузија.

– Не знаев дека Ѓоковиќ ме слуша, се изненадив што воопшто ме слушна. Сè започна во полуфиналето против Надал на кое бев поканет. Дури и тогаш, му давав совети, пораки за мотивација. Му кажував работи како „Можеш да го направиш тоа“, „Не е ништо страшно“, „Добра стратегија, продолжи …“ и го мотивирав да продолжи – Матео ја раскажа приказната за „Imagen Deportes“.

Тој вели дека зборувал сè на англиски јазик.

– Мислев дека не може да ме чуе, но на мое изненадување конечно почувствував дека може да ме чуе. Ми се чинеше скоро невозможно, бидејќи Надал е „крал на земја“. Ми се чинеше многу тешко, но јас продолжив да го мотивирам – вели Матео и објаснува понатаму:

– Не играм тенис, но навистина сакам да го гледам. И јас имав среќа да ме поканат на последниот натпревар. Многу ми се допаѓа тој спорт. Играм фудбал. Во Мексико ја поддржувам Америка, а во странство го поддржувам Мадрид од се срце.

Многумина беа заинтересирани за тоа што ќе се случи со рекетот.

– На крајот ми донесе и капа. И почувствував дека кога ми ја даде и кога веќе малку ме познаваше, ми пријде потоа и му реков: „Честитки, ти си супер“ и тој замина. Се врати подоцна и ми даде рекет. Тоа искуство нема цена, јас ќе го задржам рекетот, рече Матео.

Слични содржини