Се огласи новиот крал Чарлс: Смртта на мојата сакана мајка е момент на голема тага

од Nikola Popovski

По смртта на кралицата Елизабета Втора, се огласи и нејзиниот син Чарлс, новиот крал, кој рече дека ова е момент на тага за сите членови на кралското семејство и дека е убеден дека оваа загуба ќе се почувствува низ цела Британија и целиот свет.

„Смртта на мојата сакана мајка, нејзиното височество кралицата е момент на голема тага за мене и за сите членови на моето семејство“, изјави новиот крал на Велика Британија, Чарлс.

Тој додаде дека сите „длабоко жалат за смртта на саканата монарх и мајка“.

Чарлс рече ѝ дека оваа загуба ќе се почувствува низ целата земја, Комонвелтот и светот.

„Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе останеме заедно бидејќи знаеме колкава почит и љубов уживаше кралицата“, заклучи кралот Чарлс.

Да потсетиме, денеска почина британската кралица Елизабета, најдолговечниот владетел на Велика Британија, соопшти Бакингемската палата.

Слични содржини