Се огласи Песков: Каква судбина ги очекува Британците осудени на смрт?

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека е сигурен оти лидерите во самопрогласената Доњецкa Народна Република (ДНР) ќе имаат волја да го сослушаат апелот на Велика Британија во врска со судбината на двајцата Британци осудени на смрт.

Песков на прес-конференција рече дека Лондон не контактирал со Москва во врска со ова прашање, пренесува „Ројтерс“.

На 9 јуни, Врховниот суд на самопрогласената ДНР осуди двајца британски државјани и еден Мароканец на смрт за, како што наведоа, учество во непријателства на страната на украинските вооружени сили како платеници.

Британците Шон Пинер и Ејден Аслин и Мароканецот Садун Брахум се предадоа во Мариупол во средината на април.

Слични содржини