Се огласи сопругата на Елен Деџенерис: Со неа сум

од Stefanija Kuzmanovska

Иако „Шоуто на Елен Деџенерис“ повеќе пати беше наградувано со Еми за најдобро ТВ Шоу, водителката Елен Деџенерис е на удар на критики во последниве неколку недели. До реакции дошло откако нејзините вработени тврделе дека ги малтретира на работа, а многумина кои соработувале со неа тврдат дека е многу тешка да се соработка.

И покрај обвинувањата и критиките, многумина застанаа на страната на Елен. Меѓу другите, се огласи и нејзината сопруга и актерка, Порша де Роси, која објави порака на Инстаграм.

„Јас сум со Елен. Им благодарам за поддршката на сите наши обожаватели“, напиша Порша.

Покрај Порша, водителката беше поддржана од познати личности и луѓе кои ѝ биле гости во шоуто. Меѓу другите, на нејзина страна застанаа пејачката Кети Пери, актерите Дајана Китон и Ештон Качер и многу други.

Тврдењата за вознемирување на нејзините поранешни вработени вклучуваат наводи за расизам и токсична атмосфера во целина. Телевизиската куќа „Варнер Брос“ спроведе внатрешна истрага, која покажа дека обвиненијата против Елен не се целосно неосновани. Деџенерис испратила емаил до своите вработени во кој изрази жалење за она што се случувало зад сцената.

Но ниту тоа не помогна, а во понеделникот хаштагот #replaceellen, односно „да ја замениме Елен“, стана вирален. Веќе започна да се размислува за тоа кој би можел да го преземе местото на водителката.

Слични содржини