Се огласи судијата кој НЕ ГО ВИДЕ ГОЛОТ НА РОНАЛДО

од Stefanija Kuzmanovska

Многу се зборува за фактот дека погодокот на Кристијано Роналдо на натпреварот Србија-Португалија не беше признат. По тој повод се огласи и судијата Дани Макели.

Холандскиот судија не виде дека топката ја мина гол-линијата при ударот на Кристијано Роналдо (што е добро за „орлите“). На крајот, тој мораше да му покаже жолт картон на најдобриот играч на Португалија поради неговото однесување.

Фудбалерот на Јувентус сметаше дека неговата репрезентација е оштетена и тој е многу незадоволен од одлуката голот да не биде признаен.

Судиите ретко ги коментираат своите одлуки, бидејќи тоа им е забрането.

– Поради политиката на ФИФА, сè што можам да кажам е дека им се извинив на селекторот Фернандо Сантос и на португалската репрезентација за тоа што се случи – рече Макели за португалската „А Бола“ и додаде:

– Како судиски тим секогаш работиме да донесуваме добри одлуки и не сакаме кога ќе се случат вакви работи – заклучи холандскиот судија.

Нема сомнение дека судиите од овој натпревар ќе бидат казнети, а истата судбина може да го снајде и Роналдо, кој се однесуваше лошо по таа ситуација.

Фото: АП

Слични содржини