Се огласи таткото на осомничената за убиството на Дугина: „Таа не беше во Азовскиот полк“

од Stefanija Kuzmanovska

Наталија Вовк, која е осомничена за убиството на новинарката и политикологот Дарја Дугина, пред извесно време заминала во Европа како бегалец, но набрзо се вратила, изјави нејзиниот татко за РИА Новости.

Според изворот на агенцијата, пред неколку дена Наталија му се јавила на својот татко и му кажала дека е на Балтикот.

– Ја прашав како е, а таа ми рече: „Се е во ред, се е во ред“. Таа ме контактираше онлајн, Skype или нешто слично. Таа рече дека е во Литванија – изјави таткото на осомничената.

Тој тврди дека не ни знаел дека неговата ќерка е во Русија.

Таткото на Наталија Вовк потврди дека таа служела во вооружените сили на Украина, но вели дека не била во Азовскиот полк.

Според него, таа се повлекла од војската од здравствени причини.

-Таа рече дека биле однесени на обука, но не знам дали пукале таму или не – рекол таткото и додал дека неговата ќерка не учествувала во таканаречените антитерористички операции во Донбас.

Да потсетиме, ФСБ во понеделникот како главен осомничен за атентатот на Дугина ја именуваше Наталија Вовк (43).

Украинската државјанка пристигнал во Русија на 23 јули, користејќи регистарски таблички на Народна Република Доњецк за да избегне контрола.

Додека била во Москва, таа ги заменила табличките на својот Mini Cooper за оние од Казахстан, пријателска поранешна советска република. Во неделата, по бомбардирањето, Вовк возела во Естонија со украински регистарски таблички, соопшти ФСБ.

Властите исто така рекоа дека Вовк можеби ја користела нејзината ќерка тинејџерка како покритие за да ѝ помогне полесно да се движи низ Русија. Изнајмила стан во истата зграда во која живеела Дугина и била снимена со камера на вратата.

Дарја Дугина загина во експлозија на 20 август. Девојката се враќала од книжевно-музичкиот фестивал Традиција, каде била со нејзиниот татко. Подоцна, во 21:25 часот, Дарја Дугина влегла во автомобилот и го напуштила фестивалот.

Се претпоставува дека во автомобилот на паркингот била поставена експлозивна направа. Автомобилот се движел на автопатот во 21 часот и 35 минути, по што одекнала силна експлозија во близина на едно село.

Слични содржини