Се огласи тимот на Трамп откако поранешниот претседател беше споменат во документи за Епстајн

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Портпаролот на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, Стивен Чанг, се огласи откако поранешниот американски претседател беше спомнат во судските документи во случајот со починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстајн и неговата партнерка Џилијан Максвел, тврдејќи дека „сите наводи во врска со односот на Трамп со Епстајн веќе се темелно демантирани“.

Епстајн беше обвинет во 2019 година за водење на синџир за трговија со луѓе во кој учествуваа малолетни девојчиња, откако Вирџинија Робертс Џуфре обвини дека била злоставувана како малолетничка, а во тоа му помагала неговата девојка Џилијан.

Тој беше пронајден мртов во својата ќелија додека го чекаше судењето, додека Максвел во 2021 година беше осудена на 20 години затвор.

Трамп и Епстајн без сомнение беа пријатели. Контроверзниот политичар во 2002 година изјави дека го познава Епстајн петнаесет години и дека тој е „фантастичен човек“. Тој неколку пати патувал со неговиот авион, но се оградил од овој „фантастичен човек“ откако бил уапсен во 2019 година, велејќи дека со години не се слушнале.

Јохана Шоберг, една од жртвите на Епстајн, во својата изјава рекла дека таа и Епстајн патувале од Флорида до Атлантик Сити и дека отишле во едно од казината на Трамп.

– Џефри рече: „Одлично, ќе му се јавиме на Трамп и ќе одиме“ – не се сеќавам на името на казиното, но – „одиме во казино“, рекла Шоберг во своето сведочење.

Додека биле во Атлантик Сити, тие посетиле едно од казината на Трамп, според Јохана Шоберг, која навела дека на Вирџинија Шуфре ѝ бил забранет влез затоа што била малолетна.

Подоцна, на прашањето дали некогаш го масирала Трамп, Шоберг двапати одговорила дека не го сторила тоа.

Слични содржини