Се огласи Трајче Заев: Политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име

Трајче Заев, инаку братучед на премиерот, Зоран Заев во изминативе денови е тема број еден во медиумите. Имено, тој според информациите на ВМРО ДПМНЕ, наводно побегнал во Дубаи по акцијата во која запленети беа 200 килограми марихуана.

Оттаму, тој денес се огласи на својот фејсбук профил и посочи дека тврдењата на ВМРО ДПМНЕ се лажни и негира дека комбето во кое била запленета дрогата е во сопственост на фирмата на Заеви.

„Почитувани Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви.

За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка“, се вели во фејсбук статусот на Трајче Заев.

Слични содржини