Се огласи жената чиј сопруг ја остави поради Украинка: Нѐ уништи за 10 дена

од Nikola Popovski

Светот остана вчудовиден од приказната за Тони и Лорна, двојка од Велика Британија која ја прими бегалката од Украина, Софија Каркадим, која им го расипа бракот за само неколку дена. Лорна сега остана сама поради убавата Украинка, а на јавноста реши да и ја претстави својата страна од приказната.

Лорна вели дека е скршена затоа што нејзиниот десетгодишен партнер решил да ја остави за Софија само десет дена откако таа се преселила во нивниот семеен дом.

Сопругата сега мисли дека Софија од почеток го демнела нејзиниот сопруг и на крајот го освоила.

„Не и беше грижа што ќе уништи. Целиот свет ми се преврте наопаку за само две недели“, рекла Лорна, пренесува „Daily Mail“.

Таа вели дека не жали што решила да направи благородна работа и да му помогне на некого на кој му била помош повеќе од потребна.

„Ѝ дадов покрив над главата, а таа вака ми врати“, рече Лорна.

Таа додава дека на Софија гледала исто како и нејзино трето дете.

Но, како што одминуваа деновите, Софија се повеќе се зближувала со Тони. Прво почнале да тренираат заедно, па да се возат наоколу и на крајот се почувствувала нивната блискост дома и сето тоа за само десет дена.

Поради тоа Лорна станала видно љубоморна, па ја прашала Софија зошто постојано го следи нејзиниот сопруг.

Работите нагло се вжештиле, а ситуацијата кулминирала со жестока кавга меѓу Софија и Лорна. Тогаш сопругата на Тони и рекла на Софија веднаш да ја напушти куќата.

„Тони тогаш рече дека ако таа замине, ќе замине и тој. Ги спакуваа куферите и отидоа кај мајка му“, раскажала Лорна.

Софија работи како ИТ менаџер. Таа отпатувала за Манчестер на 4 мај, откако со недели чекала во Берлин за да добие виза за Велика Британија. Тони изјавил дека тој и Софија брзо развиле врска и дека Украинката им се допаѓа и на неговите ќерки.

Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Слични содржини