Се огласи жената во чија куќа удри Ен Хеч (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Ен Хеч неодамна почина откако беше исклучена од апарати за одржување седум дена по страшната несреќа.

Имено, Ен со својот автомобил удрила во куќа, по што избил пожар во кој актерката се здобила со тешки изгореници.

Сега се огласи и Мишел, жената во чија куќа удри актерката.

„Веста за смртта на Ен Хеч е поразителна. Нејзиното семејство, пријателите, особено децата претрпеа голема загуба и моето срце е со нив. Целата оваа ситуација е трагична и јас сум навистина без зборови. Ја испраќам мојата љубов до сите вклучени“, рече таа во видеото што го објави на Инстаграм.

Мишел била во дворот од другата страна на куќата кога се случила несреќата и се здобила со полесни повреди додека се обидувала да ги спаси своите миленици од запалената куќа.

Поставена е и страница за помош на Мишел, бидејќи штетата по пожарот е голема, а досега се собрани 150.000 долари.

Слични содржини