СЕ ОГЛАСИЈА ОД ИЗРАЕЛ: Нема прекин на огнот пред петок!

од Nikola Popovski

Висок официјален претставник на Хамас синоќа изјави дека очекува израелските сили и екстремистите од Газа да постигнат договор за прекин на огнот за „ден или два“ ​​со кој ќе завршат десетдневните судири.

„Мислам дека сегашните напори да се постигне прекин на огнот ќе вроди со плод“, рече политичкиот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук, во интервју за либанската ТВ „Ал-Мајадин“.

Тој додал дека очекува прекинот на огнот да стапи на сила за еден ден или два и дека тој ќе биде постигнат врз основа на заеднички договор.

Израелските безбедносни служби сметаат дека судирите во Газа нема да завршат пред петок, објави израелскиот „Канал 12“, повикувајќи се на проценката направена за време на состанокот на највисокото раководство.

Слични содржини