Се отплеткува приказната: Северина одбила да постапи по барање на социјалните работници

од Elena Daskalova

Во случајот на Северина и старателството над синот Александар постојат низа недоследности, а според информациите со кои располага српски „Курир“, таа не ги почитувала барањата на центарот за социјална работа во Загреб.

Едно од нивните барања било детето да се однесе на преглед кај детски клинички психолог, а и ги обвинувала судските вештаци дека работат во корист на Милан Поповиќ и дека детето е збунето. Во извештајот стои дека ваквото однесување не е соодветно, особено што се случувало во присуство на малиот Александар. Судот заклучол дека конфликтот меѓу родителите штетно влијае врз него и дека мора да се однесе во Психијатриската болница за деца во Загреб.

Во меѓувреме, Поповиќ ангажирал приватен психолог и излегол со изјава дека мајката не се грижи за детето, туку некоја трета личност на која ги препушта родителските одговорности.

Постојат и наводи за несоодветно однесување на детето и дека поради тоа е потребна психијатриска проценка. Северина на ниту едно од барањата не одговорила. Од друга страна, судот ги одбил сведоците на Северина, а таа тврди дека мерката е донесена без воопшто да биде сослушана нејзината страна.

Пејачката и нејзиниот ПР-тим ретко се достапни за хрватските и српските медиуми за да ги потврдат или демантираат наводите кои се појавуваат.

Слични содржини