Се отвора Дино паркот: Посетителите ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус…

од Берта Китинска

Денеска официјално во Скопската зоолошка градина ќе биде отворен Дино парк Скопје, новата туристичка и едукативна атракција на градот.

– Овие тематски паркови се светска и туристичка атракција и покрај забавниот дел, имаат и едукативна функција, велат од Зоолошката градина.

Во паркот има 41 динасаурус во природна големина. Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус како и поставки со мали диносауруси.

Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни. Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив.

Слични содржини