Се отвора можност за Роналдо да се „врати дома“, Солскјер го повикува Португалецот во Јунајтед

од Vladimir Zorba

Страстите околу Кристијано Роналдо не стивнуваат. Само што беше објавено дека тој сигурно ќе ги напушти редовите на Јувентус, тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер отворено му порача на Роналдо дека го сака во своите редови.

Очигледно, Манчестер Јунајтед нема така лесно да го препушти миленикот на своите навивачи на градскиот ривал, туку ќе се бори за него.

Сценариото во кое Роналдо се враќа кај „црвените ѓаволи“ е целосно познато, со оглед дека на Јунајтед му треба една гол-машина во форма на Кристијано.

Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер даде многу интересна изјава во врска со овој фудбалер.

– Кристијано Роналдо? Имаме одлична комуникација. Бруно (Фернандеш) разговара со него и тој (Роналдо) многу добро знае што чувствуваме за него. Ако некогаш сака да го напушти Јувентус, знае, ние сме тука – изјави тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Часовникот отчукува …

Слични содржини