Се отвораат нови работни места: „Лидл“ ќе отвори маркети во Скопје и во уште седум градови

од Берта Китинска

Со влезот на “Лидл”  ќе се поддржи и македонското земјоделство, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Предвидено е овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје.Обврска на инвеститорот “Лидл” е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „ЛИДЛ“ во југоисточна Европа, вели Кузеска.

Таа објасни дека со доаѓањето на  овој познат бренд ќе се отварат нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава.

Слични содржини