Се подготвува iPhone 13 со простор од 1 терабајт?

од Vladimir Zorba

Прашината што Apple ја крена со презентацијата на серијата „iPhone 12“ сè уште не е спуштена, а веќе имаме потенцијални информации за следната година.

Имено, „типстерот“ Џон Прозер на својот профил на Твитер објави дека iPhone 13 веројатно ќе има простор за складирање на податоци од 1TB.

Оваа година, Apple претстави уред со 128 GB простор во основната верзија (iPhone 12 Pro), наместо 64 GB, како што главно се случува во последно време. Засега, најголемиот простор за складирање е 512 GB кај iPhone, и не може да се прошири како на Android, пишува 91mobiles.

Не е јасно дали Apple би ја заменил опцијата 512GB со 1TB или би ја поставиле само како опција, односно опција за проширување. Постои можност стандардните модели на iPhone 13 да започнат и со 128 GB, а iPhone 13 Pro да започне со 256 GB простор за складирање.

Секако е рано да се тврди нешто, но имајќи предвид дека Прозер ретко прави грешки кога станува збор за најави (за серијата iPhone 12, на пример, тој само ја погреши цената на еден модел), не треба да се исклучи опцијата со 1TB.

loading...

Слични содржини