147
„Не молам никого, а најмалку Иванов. Моја законска обврска е да го чекам 10 дена. Нема што да се молиме. Од 20-ти натаму сè ќе зависи од волјата на мнозинството во парламентот.“

Формирањето на нова влада но и локалните избори ќе бидат приоритетните точки кои ќе се најдата на првата собраниска седница што ќе ја свика претседателот на собранието Талат Џафери. Поради специфичноста на случувањата Џафери не открива која ќе биде прва, но не се исклучува можноста паралелно собранието да работи и на двете точки во зависност од вољата на парламентарното мнозинството.
Џафери вели дека сепак се чека да помине рокот што претседтелот Иванов го има за доделување мандат – а потоа стапува на сила парламентарното мнозинство. “
„Не молам никого, а најмалку Иванов. Моја законска обврска е да го чекам 10 дена. Нема што да се молиме. Од 20-ти натаму сè ќе зависи од волјата на мнозинството во парламентот.“
Уште едно горливо прашање што ќе биде приритет на првата собрабиска седница се локалните избори. ТВ 24 веќе информираше дека е можна лидерска средба на која треба да се постигне консензус за локалната власт. Доколку има договор за одредување на датумот на локалните избори, следно ќе бидата законските измени кои треба да донесеат излез од сегашната состојба на локолано ниво. По средбите со Заев и Ахмети и со претставник од ВМРО-ДПМНЕ, не е исклучено во понедлник да биде свикана кординација . 

Собранискиот спикер смета дека би требало да се формира и анкетна комисија за настаните од 27 април, која ќе испита сè, бидејќи како што рече:
„Тука има и политичка и физичка штета, вмешани се и пратеници, и неминовно е покренување политичка одговорност за сите вмешани. За сите казниви дела над 5 години ќе поддржам било каква иницијатива во врска со имунитетот на пратениците кои учествувале во настаните но сите што се со имунитет до 5 години мора да биде испочитувано.“ – вели Џафери.
Во посета во законодавниот дом му беа и амбасадорот на Обединетото кралство, Чарлс Гарет, и амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп, кој по средбата само кратко порача дека очекува позитивен развој на настаните во неделата која следува.