Се подобрува здравствената состојба на девојчето затруено на брод на Хвар

од desk2

Се подобрува здравствената состојба на 14-годишно девојче кое пред пет дена беше затруено со јаглерод моноксид (СО) на брод во Хвар. Тоа е преместено од Одделот за интензивна нега во одделение на кое од истите симптоми се лекува и нејзината мајка.

„14-годишното девојче кое страдаше од труење со јаглерод моноксид беше пренесено во Одделот за ендокринологија и неврологија и сега е заедно со нејзината мајка, која исто така страдаше од труењето, но не беше во животна опасност“, потврди педијатар Татјана Шатиповиќ-Арделиќ.

Според неа, петгодишното момче, кое исто така страдаше од труење со јаглерод моноксид, сè уште е во Одделот за интензивна нега каде се спроведуваат сите мерки за интензивна нега.

На 13 август, 57-годишен маж почина од труење со јаглерод моноксид на брод на Хвар, а петмина биле пренесени во болница во Сплит поради здравствени проблеми. Меѓу нив имаше и две деца чии животи беа загрозени. Сите шестмина затруени на бродот на Хвар се италијански државјани.

Слични содржини