Се поизвесни се сомнежите дека Ердоган го одобрил пучот

од desk3

 

Јутарњи лист – Загреб

Обидот за државен удар во Турција од час во час е се посомнителен. Молневитата подготвеност со која режимот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган уапси речиси 3000 судии и обвинители кои требале да бидат суспендирани, а некои и затворени, како помагачи на пучот и соработници на имамот во бегство Фетулах Ѓулен.

erdogan

Постојат две можности: или Ердоган раководи со истражен апарат, кој е способен во неколку часа да спроведе темелна истрага, да утврди сомнеж и врза основ на тоа да суспендира и апси со брзина и увид кој инаку ги поседува само Господ, ако постои; или таа чистка била претходно подготвена, па само се чекало на поволен момент, кој го пружи пучот, или дури и пучот е предизвикан, т.е. дозволен, со цел претседателот, кој според Уставот не е на чело на извршната власт (таа улога му припаѓа на премиерот), но кој таа власт ја држи во рака и произведе сопствена дефиниција за тероризамот неприфатлива за Европската унија за да може да ги елиминира непослушните парламентарци, сега се спаси и од дел од судската власт, единствена која досега повремено и умерено го спречуваше во недемократските налети, па и врз новинарите.

Ако е тоа е навистина така, а индициите водат во таа насока, треба повторно да се проверат фактите и да се види дали индициите се темелат на нив.

Прво, пучот е спроведен лошо. Ни сенка од таа ефикасност која турската војска, втора по сила во НАТО, го покажа при државните удари во 1960, 1971 и 1980, ни трага од таа одлучност со која удира по Курдите. Не се искористени елитните единици, туку главно нови војници, збунети млади момчиња, од кои некои запрепастено тврделе дека биле уверени оти се работи за воена вежба.

Видовме снимки како полицајци и цивили тепаат преплашени војници, што е целосно неспоиво со духот кој би го покажале војници кои свесно го ризикуваат животот во одбрана на својот идеал за татковина.

На крај, не знам како е во Турција, но на Балканот тешко може да се замисли цивилни полицајци да тепаат војници кои трпат, кај нас обично полицијата го извлекуваше подебелиот крај, војничкиот ремен знаеше да биде посилен од пендрекот, имам некои лични искуства, иако не се неодамнешни.

Второ, меѓу генералите и високите команданти кои исто така беа уапсени по пропаѓањето на пучот, наведени се Ердал Озтурк командант на Третата армија, Адем Худути, командант на Втората армија и неговиот заменик Авни Ангун, како и поранешниот командант на Военото воздухопловство Акин Озтурк.

Третата армија делува против курдските „терористи‟ и е одговорна за источната и јужната покраина. Нели таа располага со трупи со висока воена подготвеност, а не со преплашени момчиња кои ги видовме толку покорни?

Трето, пучистите навистина удрија на центрите на политичката и комуникациската моќ, но не дојдоа ни блузу до главниот и неприкосновен центар на моќ, а тоа е самиот Ердоган. Ги блокираа аеродромите во Анкара и Истанбул, но сеедно Ердоган непречено слета на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, па дури, како што јавија турските и странските извори, неговото доаѓање било најавено половина час порано, со прашањето: дали телевизиските екипи се подготвени?

Четврто, првите најави за подготовка на ударот се појавија пред околу два месеца, но тогаш енергично беа демантирани од Анкара.

Петто, додека се уште се беше во превирање, додека се чинеше дека Ердоган е отсечен од институционалните комуникации, додека преку ФејсТим се јави на смартфон пред камерите на турскиот Си-Ен-Ен, веќе го обвини Фетулах Ѓулен како организатор на пучот.

Врз основа на која истрага, чии признанија, кои документи? Или тоа било веќе однапред подготвено?

Секако се поставува прашањето, зарем турскиот лидер го инсценира, или макар ја дозволи таа акција, која ги чинеше живот 161 цивил и припадници на полицијата, како и 104 пучисти, додека бројот на ранетите надмина 1440? Се работи за број на жртви поголем од жртвите на терористичките напади.

Противниците на Ердоган велат дека сегашната турска власт убила многу повеќе луѓе во турскиот и ирачкиот дел на Курдистан, па дека не и значат 200-300 загианти повеќе или помалку, ако служат за политичка цел за елиминирање на противникот.

Секако, ова се само претпоставки и индиции, не се докази. Можеби и лабави, но секако далеку од образложението од тие кои досега ги изнесе режимот на Ердоган.

Еден од блиските соработници на Ангела Меркел, демохристијанинот Елмар Брок изрази загриженост дека Ердоган сега може „да се обиде да ја прошири својата моќ, да го промени Уставот во автократска насока‟, а со тоа „да ја подели земјата‟.

Слични содржини