Се појави нов вид корона – „невидлив“ е за ПЦР тестовите

од Vladimir Zorba

Истрага е покрената во францускиот регион Бретања откако геномското секвенцирање откри осум носители на нова варијанта на коронавирусот кај група од 79 заразени пациенти во градот Ланион.

Францускиот министер за здравство рече дека новата варијанта се чини дека не е заразна или предизвикува потешка форма на Ковид-19, но француските медицински претставници изразија загриженост дека новата варијанта избегнува откривање со стандардни ПЦР тестови.

Белгискиот вирусолог Стивен Ван Гуш објасни дека осум пациенти покажале вообичаени симптоми на болеста, но ПЦР тестовите упорно покажувале негативни резултати, пишува „News Medical“.

Појавата на новата варијанта доаѓа во време кога Франција бележи зголемување на бројот на заразени, а претседателот Емануел Макрон предупредува на нови мерки за затворање во следните неколку дена.

Светската здравствена организација ја категоризираше новата варијанта како „варијанта под истрага“, а не како „загрижувачка варијанта“, што беше случај со британските, јужноафриканските и бразилските видови.

Гуш истакна дека има многу различни тестови во различни лаборатории и дека е можно некои тестови да имаат проблем со откривање на одредена варијанта на нов коронавирус, но дека добрите тестови обично не откриваат само еден специфичен дел од вирусот. Тестовите обично откриваат еден до три различни делови на вирусот.

Во меѓувреме, француските власти го спроведуваат потребното следење на состојбата и мерките за поддршка на здравствениот систем.

Слични содржини