Се појави нова траса за Ф1 трката во Мајами

од desk2

Се појави најновата верзија на трасата на планираното ГП на Мајами, што најверојатно ќе влезе во календарот уште во 2019 година.

Не е јасно од мапата каде ќе бидат боксовите, но насоката на движење сигурно ќе биде спротивна на стрелките на часовникот.

На 26 јули – следната недела, Градскиот совет во Мајами ќе го претстави прашањето за спроведување на трката. Планот од 53 страници ќе се дискутира во детали на планираниот настан.

Ако општинските советници го одобрат предлогот, градоначалникот ќе добие зелено светло за организирање трка од Ф1 на улиците на градот. Договорот се очекува да трае 10 години до 2029 година, со опција во 2026 година за продолжување до крајниот рок до 2039 година.

Договорот предвидува трката да се одржи помеѓу 5 октомври и 15 ноември секоја година.

Слични содржини