Се појави шокантната преписка на Џони Деп и Мерлин Менсон за нивните партнерки

од Stefanija Kuzmanovska

Деновиве се појави шокантна преписка меѓу актерот Џони Деп и музичарот Мерлин Менсон, која настанала во 2016 година.

Менсон ја споредил својата тогашна партнерка Линдзи Јузик со Амбер Херд, тогаш веќе поранешна сопруга на Деп.

„Имам Амбер 2.0 покрај себе“, напишал Менсон, жалејќи се дека Линдзи го обвинила дека ја тепал, и дека барала забрана за приближување, објави „Дејли Меил“.

„Таа сака да те натера да врескаш, да полудиш и да го нахраниш нејзиното нарцисоидно однесување. Верувај ми, прочитав тони материјали за ова и за социопатското однесување… Тешко е, брате мој!!! Мојата поранешна е проклет учебник! Требаше порано да го прочитам тоа“, му одговорил Деп.

Сепак, Менсон беше прилично загрижен.

„Имам сериозно полициско сценарио во Амбер фазон со семејството на Линдзи. Јас сум под стрес. Не знам дали се врати, но ми треба некаде азил бидејќи мислам дека полицијата може да дојде по мене. Таа рекла дека сум ја претепал и ја даде мојата адреса на полицијата. Им кажа дека имам дрога овде. Така што, подготвен сум да си одам одовде“, напиша музичарот, додека актерот советуваше тој „да се држи настрана и што помалку да разговара со неа“.

Двајцата продолжија да зборуваат дека имаат своја пештера, алудирајќи на филмот „Salò“.

Ајде да си имаме свој Salò, но кај нас нема геј работи“, пишува во преписката, пренесува споменатиот медиум.

Патем, овој филм е забранет во неколку земји поради прикажување на силувања, мачења и убиства, главно на луѓе за кои се верува дека се малолетни.

Во следната порака, Менсон му рекол на Деп дека ќе го запознае со „нова обожавателка“.

„Мојата нова обожавателка сака да те запознае. Изгледа дека ти треба. Верувај ми. Ќе ти испратам слика. Има 18 години”, напишал Мерилин.

Нивната кореспонденција се појави во текот на викендот, кога илјадници страници документи поднесени за време на судењето на Џони Деп и Амбер Херд беа отпечатени.

Инаку, и покрај се што кажа за својата партнерка, Мерилин Менсон и Линдзи Јузик се венчаа четири години подоцна, во 2020 година и се уште се во брак.

Слични содржини