Се појави видео на Pixel 3 Lite

од Vladimir Zorba

Според гласините од лани, Google ќе објави два нови модели во серијата Pixel 3 – Pixel 3 Lite и Pixel 3 XL Lite преку американскиот оператор „Веризон“. Додека ја чекаме премиерата на уредите, украинскиот блог Andro News го објави првото видео на Pixel 3 Lite.

Јасно е дека уредот ќе има пластично куќиште и ќе понуди 3,5 милиметарски аудио џек, што сигурно ќе ги задоволи љубителите на музиката.

Според информациите, телефонот има 5.56-инчен дисплеј со резолуција од 1080×2160 и сооднос на страните од 18: 9.

Подоцна, видеото беше симнато, но беа направени многу копии.

https://www.youtube.com/watch?v=e_P90Oy92Hg

Слични содржини