Се појавија информации за новиот Galaxy M10

од desk2

На Интеренет се појавија карактеристики од новиот смартфон на „Samsung“ – „Galaxy M10“ кој ќе има „Infinity-V“ екран, двојна позадинска камера и „Android 8.1 Oreo“ оперативен систем.

Интернет страната „SlashLeaks“ открива детали за уште еден паматен телефон на „Samsung“ од серијата „Galaxy M“. „Galaxy M10“ ќе биде првиот модел од оваа серија со 6,2-инчен „Infinity-V IPS LCD“ екран со резолуција од 1520 x 720 пиксели.

Процесорот на овој смартфон ќе биде „Exynos 7872“ кој беше претставен минатата година, а тука е и 2 односно 3 GB RAM, 16 односно 32 GB интерна меморија и батерија со капацитет од 3400 mAh.

На задната страна ќе има двојна камера од 13 мегапиксели и отвор на блендата „f/1.9“ и секундарна 5 мегапикселна камера со отвор на блендата „f/2.2“ (карактеристиките за „селфи“ камерата не се познати).

Се посменува и стариот „microUSB 2.0“ приклучок, 3,5-милиметарски приклучок за слушалки, но се чини дека „Galaxy M10“ нема да има сензор за отпечаток на прстот. Димензиите на телефонот изнесуваат 155,6 x 75,6 x 7,7 milimetara, a неговата тежина е 160 грама.

Кога ќе се појави на пазарот неговата цена ќе биде околу 123 евра.

Слични содржини