Се појавија нови информации за заробените припадници на Азовскиот полк

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските разузнавачки служби се во комуникација со заробените припадници на Азовскиот полк, кои се предадоа на крајот на мај годинава по опсадата на фабриката за челик „Азовстал“.

„Киев прави се што може за да обезбеди нивно ослободување“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски во петокот доцна навечер.

– Преку нив (разузнавачките служби) дознаваме за условите на притвор, исхраната и можноста за нивно ослободување, изјави Монастирски на украинската телевизија.

„Сите знаеме дека сите ќе бидат тука во Киев и правиме се што е можно за да го обезбедиме тоа“, додаде тој.

Русија неодамна објави дека речиси 2.000 Украинци се предале по последната битка во урнатините на Мариупол, каде што издржале со недели во бункери и тунели под фабриката за челик „Азовстал“. Киев сака да дојде до своите борци преку размена на затвореници.

Некои високи руски пратеници побараа да им се суди на некои од војниците.

Кремљ соопшти дека борците кои се предале ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди.

Слични содржини