Се појавија тизер-фотографии од гејмерскиот Nubia Red Magic

од Vladimir Zorba

Одделот на ZTE, Nubia ќе го објави својот нов паметен телефон Nubia Red Magic на 19-ти април. Вчера, компанијата, исто така, објави нови тизер-фотографии кои покажуваат посебни детали на уредот. Од нив може да се заклучи дека Red Magic ќе има метално тело и дизјан со црвени акценти. Во моментов не е јасна функцијата на црвеното копче, но претставениот неодамна Xiaomi Black Shark, исто така, има слично копче кое активира специфични карактеристики на игри.

Според гласините, Nubia Red Magic ќе нуди процесор Snapdragon 845, 8 GB RAM меморија и 5,99-инчен FHD + дисплеј. Уредот, исто така, се очекува да има посебно ладење со четири вентилатори за да обезбеди ниски температури дури и при интензивна игра.

Според извршниот директор на Nubia, Ни Феј телефонот ќе биде достапен истовремено во Кина и Европа, а за моментов не е јасно како ќе се одразат новите санкции на САД против ZTE на испораките на процесори за Red Magic.

Уредот користи Qualcomm чип, а компанијата нема да може да им продава компоненти на ZTE.

Слични содржини