СЕ ПОПУШТААТ МЕРКИТЕ ВО ДИЗНИЛЕНД: Целосно вакцинираните лица ќе можат да влегуваат без маски

од Stefanija Kuzmanovska

Целосно вакцинираните лица против ковид-19 од денес ќе можат да влегуваат во тематските паркови на компанијата „Волт Дизни“ без маски, објави американската компанија.

Компанијата нема да побара доказ за имунизација на влезот, но наведе дека очекува луѓето кои не биле целосно вакцинирани да продолжат да носат маски во затворено, освен за време на оброците.

Маските ќе бидат задолжителни за сите посетители во транспортот, вклучително и автобуси, електрични возови и гондоли.

Физичкото растојание повеќе нема да биде потребно во Дизниленд во Калифорнија.

Сепак, некои видови забава ќе работат со ограничен капацитет, додаваат од „Волт Дизни“.

„Не сме навистина подготвени да укинеме сè одеднаш, но оптимисти сме и едвај чекаме да дојде денот кога принцовите и принцезите на Дизни ќе можат повторно да се прегрнат“, заклучи компанијата.

Слични содржини