Се поставуваат бетонски банкини на булеварот „Цветан Димов“ (ФОТО)

од Берта Китинска

На остатокот од булеварот Цветан Димов во Чаир се поставуваат о бетонски блокови, кои беа поставени пред една година за да се зголеми безбедноста на оваа фрекфентна сообраќајница.

-Ова е само привремено решение сè додека не се спроведе проектот за брзи автобуси, кој беше најавен од Град Скопје пред неколку дена. Олеснувањето на сообраќајот на улиците на општина Чаир е наш приоритет. Спроведувањето на ефикасни проекти за комуникација е направено со единствена цел да има патишта без хаос и безбедни граѓани. Денешната акција е во соработка со Град Скопје, напиша градоначалникот Висар Ганиу на Фејсбук.

Слични содржини