Се повеќе докази за поврзаност меѓу алкохолот и ракот

од Stefanija Kuzmanovska

Експертите ги анализирале податоците за конзумација на алкохол од 2010 година и зачестеноста на ракот во 2020 година.

Десетгодишниот период на разлика е земен затоа што многу видови на рак, како што се рак на усната шуплина, ларинксот и дојката (кај жени), се развиваат бавно и веќе е утврдено дека тие имаат последователна врска со конзумацијата на алкохол.

Од минатогодишните 741.300 нови случаи на рак кои можат да бидат поврзани со конзумирање алкохол, мажите сочинуваат 568.700, а жените 172.600.

Повеќето карциноми биле рак на хранопроводот, црниот дроб и дојката. Скоро 47 проценти од случаите се поврзани со тежок алкохолизам, кој авторите го дефинираа како внес на 60 или повеќе грама етанол алкохол на ден, односно 6 или повеќе пијалоци.

Забрана за рекламирање алкохолни пијалоци

Конзумирање од 20 до 60 грама на ден – 2 до 6 пијалоци – што авторите на студијата ги сметаат за „ризични“, сочинуваат 39,4 проценти од случаите. Умерено пиење, до 20 грама етанол алкохол, придонесе за развој на рак кај 14 проценти од луѓето.

„Итно треба да ја подигнеме свеста за врската помеѓу алкохолот и ризикот од рак“, рече Хариет Рамгеј, докторанд на Меѓународната агенција за истражување на ракот при СЗО.

Според неа, мора да се смислат стратегии за јавно здравје, како што се намалување на достапноста на алкохол, означување на алкохолни производи со предупредување и забрана за рекламирање на алкохолни пијалоци, пренесува „б92“.

Слични содржини