Се повеќе Турци бараат азил во Германија -Едоган чисти се !

од Vladimir Zorba

Се повеќе турски граѓани поднеле барање за азил во Германија на позадината на тековните мерки за пронаоѓање на учесници во обидот за преврат против претседателот Реџеп Ердоган од 15 јули.

 

4979128
Во првата половина на година се регистрирани 1719 барања за азил. Тоа е речиси ист број како во текот на целата измината 2015 година, кога азил побарале 1767 лица, пишува германското издание “Тагесшпигел”, повикувајќи се на податоци од Федерално биро за миграција и бегалци. Во моментот од бирото посочуваат дека допрва ќе направат проценка за тоа како пропаднатиот преврат се одразил на бројот барања за азил. Уште пред настаните од минатиот месец се појавија пораки за влошување на состојбата со човековите права во Турција, каде голем број новинари, блогери и други луѓе беа уапсени поради обвиненија, меѓу кои и за навреда на претседателот. Поголем дел од турските бегалци од курдско потекло. Според податоците од вкупно 1719 барања оваа година 1510 се Курди. Минатото лето владата во Анкара започна воена операција против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), откако пропадна речиси двегодишна примирје меѓу неа и властите. Сепак, процентот на запишани барања за азил на Курди (5,2%) во Германија е понизок од оној на Турците како целина (6,7%). / АФП

Слични содржини