Се повреди познатиот „Индијана Џонс“!

од Nikola Popovski

Актерот Харисон Форд наводно го повредил рамото додека снимал сцена на борба за својот нов филм.

Холивудскиот актер се повредил додека ги вежбал потезите за долгоочекуваниот филм за Индијана Џонс, кое би требало да биде петто продолжение. Како што се наведува, неговата состојба допрва треба да се проценува.

Извештаите сугерираат дека продукцијата на филмот ќе продолжи околу и по закрепнувањето на славниот актер и дека распоредот на снимања ќе се промени кога ќе биде потребно во наредните недели.

Извор од Дизни за еден американски медиум изјави дека за време на проба за сцена со борба, Харисон Форд го повредил рамото.

– Продукцијата ќе продолжи додека се проценува соодветниот курс на лекување, а распоредот за снимање ќе се смени по потреба во наредните недели – посочува изворот.

Ова не е првпат Харисон Форд да се повреди додека снима. Имено, актерот кој во тоа време имал 71 година бил повреден за време на снимањето на филмот „Војна на Sвездите: Будење на силата“ затоа што хидрауличната врата на „Милениумскиот сокол“ паднала врз него и го срушила на земја. Продуцентската куќа на Дизни е казнета со над 2.000.000 долари, а актерот ја скрши карлицата, го искриви глуждот и недостасуваа милиметри за вратата да му ја отсече главата како гилотина.

Слични содржини