Актуелно
Почетна / Сцена / Се прави филм за Питер Пан: Џад Ло преговара за улогата

Се прави филм за Питер Пан: Џад Ло преговара за улогата

Според странските медиуми, компанијата „Дизни“ наголемо работи на филм за „Питер Пан“, игран римејк на анимираниот филм од 1953 година. Како што се шпекулира, актерот Џад Ло преговара за улогата на Капетан Кука, пишува „Collider“.

Имено, филмот ќе го режира Дејвид Ловери, кој се потпишува и за филмот „Змејот на Пит“ од 2016 година.

Патем, Џад Ло досега претежно играл негативци, а најмногу внимание привлече со својата улога во филмот „Талентираниот господин Рипли“, кој му донесе награда БАФТА за најдобар спореден актер и номинација за Златен глобус.

Помладите генерации го познаваат како д-р Вотсон од филмовите „Шерлок Холмс“.

loading...