Се преврте автобус на излез од Скопје кон Тетово кај Ласкарци-има многу повредени

од desk4

Патнички автобус со 50-тина патници излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане, потврдија од Здравствен дом Скопје.

 

 

На местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и дел од нив веќе се пренесени во болница. Според очевидци се претпоставува дека возачот добил инфаркт, преминал на другата страна и паднал во провалија.Сепак нема официјална потврда.

МВР   се на терен, сообраќајот е закрчен и се чека официјалан информација за бројот на жртвите и причината за оваа тешка несреќа.

Слични содржини