Се приклучила на ИСИС, ги загубила трите деца, а сега се кае: „Жал ми е, сакам да си одам дома“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Не сакав да повредам никого во Сирија или на кое било друго место во светот. Тогаш не знаев дека се работи за култ на смртта , рече Шамима.

Како 15-годишна, младата Британка, Шамима Бегум, одлучи да го напушти својот дом и да замине во Сирија во друштво на двајца пријатели. Во февруари 2015 година, таа се приклучила на ИСИС, се омажила експресно и после тоа, се во нејзиниот живот тргна надолу.

Како и да е, денес таа е во камп среде Сирија и ги моли британските власти да ѝ го вратат државјанството и да ѝ дозволат да се врати на Островот.

„Претпочитам да умрам отколку да се вратам во терористичка организација“, рече 22-годишна девојка која седи во камп во северна Сирија под контрола на вооружени чувари.

Во интервју за емисијата „Добро утро Британија“ на ИТВ, затвореничката Шамима рече дека ИД ја убедила дека работите што таа ги прави се целосно исправни, но таа тврди дека „нема оправдување за убивање луѓе во име на Бога“.

„Извинете, жал ми е“, рече таа.

Оваа среда, таа во директен ТВ пренос објасни дека отишла во Сирија затоа што мислела дека „прави вистинска работа како муслиман“.

За време на интервјуто во емисијата „Добро утро Британија“, таа се обратила до Борис Џонсон и го замолила да и дозволи повторно да влезе во Обединетото Кралство и да покрене судска постапка за да го врати државјанството што ѝ било одземено во јули 2020 година.

„Очигледно се борите против екстремизмот и тероризмот во земјата. Сакам да помогнам во тоа, да го кажам моето искуство со овие екстремисти, да ви објаснам што велат и како ги убедуваат луѓето да го прават она што го прават“, ги навела аргументите.

Во Сирија таа се омажила за борец на Исламската држава и живеела во Рака, главниот град на самопрогласениот џихадистички калифат. Таа останала таму четири години додека не била пронајдена во логорот.

Откако ја напуштила Британија, таа родила три деца, но сите три починле пред да наполнат две години.

„Не знам како и зошто починаа. Некои луѓе ми рекоа дека имаат инфекција на белите дробови, а причината можеби е загадениот воздух што го дишеле“, заклучи Бегум.

Слични содржини