Се продава луксузната вила на Шон Конери за 34 милиони долари

од Vladimir Zorba

Луксузната вила во Франција, која до неодамна и припаѓаше на актерската легенда Шон Конери, се продава за 34 милиони долари.

Само триесетина минути од Монако, луксузната вила на починатиот актер е ставена на продажба. Шон живееше тука дванаесет години со својата сопруга, пред да се пресели на Бахамите, каде почина на 31 октомври оваа година,

Вилата е распоредена на шест ката. Иако луѓето ја нарекуваат „Џејмс Бонд Вила“, нејзиното вистинско име е „Le Roc Fleuri“.

Самата вила има шест спални соби со поглед на море. На последниот кат е една огромна просторија која има две спални соби и голем гардеробер.

На имотот има две посебни куќи за гости, со спални и дневни соби.

Покрај тоа, имотот има теретана, винарија, визба, спа и канцеларија.

Слични содржини