Се продолжува рокот на кризната енергетска состојба

од Nikola Popovski

Владините портпароли Хоџа и Арсовски посочија дека на денешната 123-та седница, којашто се одржа преку интернет комуникациска врска, Владата го утврди текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Со Предлог-одлуката му се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните 6 месеци, односно до 9 јуни 2022 година, со цел обезбедување континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија.

Слични содржини