Се распаѓаат ли Лејкерси во најважниот момент од сезоната? Изјавата на Леброн ги загрижи фановите!

од Vladimir Zorba

Катастрофални вести за сите фанови на Лос Анџелес Лејкерс претстави најдобриот играч на тимот – Леброн Џејмс. Тој по поразот од Оклахома Сити Тандер откри дека има проблеми во тимот што не можат да се контролираат, а истите излегоа на површина на последниот натпревар против Индијана Пејсерс.

Пејсерси синоќа беа подобри од Лос Анџелес Лејкерс со 116: 111, кои губеа со 15 разлика по првата четвртина, но го свртеа резултатот на полувреме и го преземаа водството со пет поени, но на крајот сепак беа поразени.

Леброн Џејмс, кој во четвртокот го пропушти натпреварот против Хјустон, се врати на теренот и го заврши натпреварот со 31 поен, 8 скока и 7 асистенции.

– Имаме некои проблеми што не можеме да ги контролираме. Не сакам да зборувам за тоа. Единствено што можам да кажам е дека тие немаат никаква врска со тоа што се случува на паркетот, изјави Џејмс во средата по тешкиот пораз од Оклахома Сити Тандер.

Дали Леброн откри одредени проблеми на врвот на клубот кои очигледно влијаат на перформансите на тимот од Лос Анџелес? Иако тие обезбедија прво место на Западот, сомнежите се дека Лејкерс со низа порази сакаат да влезат во плеј-офот, кој започнува на 17 август.

Тоа беше шести натпревар на Лејкерс откако сезоната продолжи во „Дизни Светот“ во Орландо и нивниот четврти пораз, односно трет по ред.

Слични содржини